RETRO

CLICK HERE

CLICK HERE

Slideshow

ЦНЦ ПРОБИВАЊЕ

 ЦНЦ пробивање (CNC punching) е прецизен процес ЗА механичка обработка НА МЕТАЛИ, која користи нумерички контролирана машина за сечење, дупчење, и обликување метални плочи со висока прецизност. Оваа техника е клучна за економична изработка на делови со сложени дизајни во високи серии и е широко применета во различни индустрии.
Како функционира процесот?  Се користи CAD/CAM софтвер за дизајнирање на деловите, со кој се генерира G-код кој ги дефинира димензиите и формите на предметот што треба да се изработи. Програмот се внесува во ЦНЦ машината. Mеталната плоча се поставува на работната маса и се фиксира за да остане стабилна за време на обработката. ЦНЦ машината користи механизам со удар и соодветни алатки - панч и матрица (punch and die) за да го обликува материјалот.
Примена на ЦНЦ пробивањето: Автомобилска индустрија: Производство на панели, држачи и други делови. Електронска индустрија: Изработка на куќишта за уреди, плочки и компоненти. Градежна индустрија: Метални делови за фасади, кровни системи и структури. Апарати за домаќинството: Компоненти за фрижидери, машини за перење, печки и т.н. Машинска индустрија: Разни делови за машини и опрема.
Предности на ЦНЦ пробивањето:
 Обезбедува висока точност (+-0.03 мм.) со минимални толеранции, дури и кај комплексни форми.

ПРЕЦИЗНОСТ

Брзо производство на голем број делови, што го прави идеален процес за масовно производство.

ЕФИКАСНОСТ

 Обработка на различни материјали, вклучувајќи челик, алуминиум, бакар, нерѓосувачки челик и т.н.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Можат да се комбинираат различни операции, елиминирајќи ја потребата за дополнителни постапки.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНОСТ

2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ЦНЦ ласерско сечење ЦНЦ пробивање ЦНЦ виткање ЦО2 ласер Ласерско заварување Ласерско гравирање
Производство на монтажни системи за соларни панели Плазма сечење на метали Електростатско прашкасто фарбање Инсталирање на сврзувачки елементи Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team