RETRO

CLICK HERE

CLICK HERE

Slideshow

ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ

Прецизност до ±0.05 mm, што е критично при обработка на сложени геометрии и тесни толеранции. Мала зона на термичко влијание, што спречува деформации на материјалот и овозможува квалитетна доработка без потреба од дополнителни интервенции. Висока брзина на сечење, особено кај тенки до средно дебели лимови, што значително го скратува производниот циклус. Можност за сечење на широк спектар на метали, вклучувајќи нерѓосувачки челик, алуминиум, месинг и бакар со минимално влијание на површинската структура Фибер ласерското сечење претставува високотехнолошки процес за обработка на метали, базиран на концентриран ласерски зрак со висока енергетска густина. Оваа технологија овозможува: ТЕХНИЧКИ ПРЕДНОСТИ НА ФИБЕР ЛАСЕРСКОТО СЕЧЕЊЕ
Контролирана автоматизација преку CNC системи,што овозможува серискo производство со висока повторливост и минимален ризик од човечка грешка. Оптимизација на материјалот преку nesting софтвер, кој обезбедува рационално распоредување на елементите за сечење со најмал можен отпад. Овој процес е идеален за индустрии каде се бара голема прецизност, ефикасност и конзистентен квалитет – од прототипови до масовно производство.
КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ЛАСЕРСКОТО СЕЧЕЊЕ ?
ЕФИКАСНОСТ  Нашите фибер ласерски машини работат 24 часа на ден, овозможувајки кратко време за испорака по конкурентни цени.
КВАЛИТЕТ  ИСО9001 стандардот обезбедува контролиран квалитет како во производството на прототипови, така и во високите серии...
ИСКУСТВО

    Нашето 20 + годишно искуство гарантира сигурен и постојан квалитет.

ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ НА ЛИМОВИ  Нашите фибер ласери постигнуваат толеранција од +-0.05 мм за сечење на Алуминиум, инокс, бакар, месинг, јаглероден челик и.т.н. со дебелина до 10 мм, и +-0.1 мм за материјали од јаглероден челик со дебелини поголеми од 10 мм. Способноста за оптимизација на материјалот, оптимизирање на патеката на движење на главата за сечење, одредување на најкраткиот пат за одредена операција ... ласерското сечење го прави водечко за зголемување на ефикасноста, а со тоа овозможува и конкуретна цена на производството. Ние обработуваме метали со димензии од 1500х3000 мм, и дебелина до 30 мм во зависност од типот на материјалот. Нашите 4 ласери од 2 и 6 КВ обезбедуваат извонреден квалитет И ОДЛИЧНА ЛИНИЈА НА СЕЧЕЊЕ И во најголем број од случаите не е потребна дополнителна обработка.
 Ласерското сечење на цевки, или попознато како 3Д сечење, докажано ги намалува трошоците, на пример при сечење на цевки кои се предвидени за заварување во 3Д форма, максимално го поедноставува и забрзува процесот на заварување и склопување, а со тоа се добива максимален квалитет со минимални трошоци за склопување по прифатлива цена на крајниот производ. Нашите фибер ласерски машини за сечење на цевки и профили можат да ги исечат сите најмногу користени цевки и профили со димензии од Ф20 мм или 20х20 мм, до ф200 мм или 200х200 мм. Континуираното инвестирање во овој процес гарантира дека секогаш ке импонудиме на нашите клиенти најшироки можности по конкурентни цени. Искористете ја предноста да добиете целосно исечена цевка или профил подготвена за заварување или подготвена за некој друг процес - на пример фарбање. ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ НА ЦЕВКИ И ПРОФИЛИ
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ЦНЦ ласерско сечење ЦНЦ пробивање ЦНЦ виткање ЦО2 ласер Ласерско заварување Ласерско гравирање
Производство на монтажни системи за соларни панели Плазма сечење на метали Електростатско прашкасто фарбање Инсталирање на сврзувачки елементи Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team