RETRO

CLICK HERE

CLICK HERE

Slideshow

ЕЛЕКТРОСТАТСКО ПРАШКАСТО ФАРБАЊЕ

Електростатско прашкасто фарбање е индустриска техника за нанесување декоративен и заштитен слој на метални површини, користејќи фино прашкаста боја и електростатска енергија. Процесот е ефикасен, еколошки и овозможува долготрајна заштита на производите.
Подготовка на површината Деловите се чистат со пескарење, или со хемиско третирање, за да се отстранат површинските слоеви од р'ѓа, маснотии, оксиди и слично. Овој чекор е клучен за добра адхезија на бојата. Нанесување на прашкастата боја Се користи пиштол за електростатско фарбање, кој ја наелектризирува прашкастата боја. Бојата се распрснува кон металната површина, која е заземјена, така што честичките од бојата се прилепуваат рамномерно на металниот предмет поради електростатска привлечност. Печење (термичка обработка) Обоените детали се внесуваат во печка на температура од 160–200°C. (во зависност од типот на бојата) Прашокот се топи, се полимеризира и формира цврст, хомоген слој. Како функционира процесот?
Примена Машинска индустрија Заштита на машински делови од корозија Куќишта за машини, алати и опрема Индустриски панели и столбови Автомобилска индустрија Бандажи (фелни) Рамки, носачи, делови од шасија Издувни системи, решетки, држачи на батерии Градежна и архитектонска индустрија Метални конструкции, решетки, огради, капии Фасадни панели, алуминиумски профили и столарија Врати, прозорци, скалила, кровни конструкции
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ЦНЦ ласерско сечење ЦНЦ пробивање ЦНЦ виткање ЦО2 ласер Ласерско заварување Ласерско гравирање
Производство на монтажни системи за соларни панели Плазма сечење на метали Електростатско прашкасто фарбање Инсталирање на сврзувачки елементи Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team