RETRO

CLICK HERE

CLICK HERE

Slideshow

ЦНЦ ВИТКАЊЕ

ЦНЦ виткањето е процес на прецизно обликување на метални лимови со помош на компјутерски управувани машини. Овој метод е широко применет во идустриите како што се автомобилската, градежната, електрониката, индустријата за производство за мебел и во други области каде што се бараат точни и повторливи форми.
Како функционира процесот? Програмирање на машината Се користи CAD/CAM софтвер за дизајнирање на деловите, по што се генерира G-код кој ја води машината при виткањето. Подготовка на алатите Се избираат соодветни алати – панч и матрица – во зависност од дебелината и видот на материјалот, како и од потребниот агол на виткање. Поставување на материјалот Металниот лим се позиционира на работната маса, при што задните граничници (back gauge) ја дефинираат точната линија Извршување на виткањето Машината ја придвижува горната алатка врз лимотшто се обработува со силата која е дефинирана од програмотво зависност од дебелината, должината и типот на материјалот, притискајки го во долната алатка, со што се добива саканиот агол на виткање.
Примена на ЦНЦ виткањето: Машинска и метална индустрија Производство на куќишта за машини, шасија, рамки и држачи. Автомобилска индустрија Виткање на лимови за каросерии, врати, капаци и издувни системи. Делови за носачи на мотори, внатрешни компоненти, потпирачи и др. Градежна индустрија Производство на метални профили, носачи, фасадни панели и кровни конструкции. Виткани лимови за скалила, огради, монтажни конструкции и сл.
Електроника и енергетика Изработка на електро-куќишта, ормари, панели, носачи за кабли. Монтажни решенија за соларни панели и електроинсталации. Мебел и ентериер Метални рамки за мебел (столици, маси, полици). Декоративни метални елементи, решетки и облоги. Производство на апарати и бела техника Метални делови за фрижидери, машини за перење, клима уреди и друго.
Предности на ЦНЦ виткањето:
ВИСОКА ПРЕЦИЗНОСТ И ПОВТОРЛИВОСТ Компјутерската контрола овозможува точни и повторливи резултати
Брзо извршување на сложени операции со минимална потреба за прилагодување. БРЗИНА И ЕФИКАСНОСТ
Можност за изработка на различни форми и агли без потреба од промена на алатите. ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ЕКОНОМИЧНОСТ
2314 Блатец, Виница Македонија тел. +389 71 331 066 e-mail: termostil@t.mk
ЦНЦ ласерско сечење ЦНЦ пробивање ЦНЦ виткање ЦО2 ласер Ласерско заварување Ласерско гравирање
Производство на монтажни системи за соларни панели Плазма сечење на метали Електростатско прашкасто фарбање Инсталирање на сврзувачки елементи Полирање на иноксни и алуминиумски делови
by Termostil team